ММС

Објавено на: 02/12/21 3:28 PM

Пронајдени околу 100 кг дрога на подрачјето на Росоман

Министерството за внатрешни работи денеска по претходна пријава изврши акција во селото Паликура во општина Росоман во која се пронајдени околу 100 килограми дрога.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во соработка со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, СВР Велес и Регионален центар Југ, по претходна пријава, на патот кон с.Паликура, општина Росоман, во приватен објект, пронашле 10 вреќи со 98 пакувања марихуана, во вкупна количина од околу 100 килограми.

По насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршен е увид и се преземаат интензивни мерки и активности за обезбедување на докази за инволвираност на лица кои го сториле кривичното дело предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.