ММС

Објавено на: 02/12/21 2:43 PM

Прометот во индустријата со пад од 7,8 отсто за една година

Прометот во индустријата минатиот декември забележал раст од 7,9 проценти во однос на истиот месец 2019 година, но за периодот од јануари до декември 2020 во однос на претходната 2019 година бележи пад од 7,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 9,9  отсто, капитални производи за 15 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 7,6 отсто, додека опаѓање бележи кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, има пад од 1,9 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2020 година во однос на ноември 2020 година, бележи раст од 14,4 отсто, додека во периодот јануари ‒ декември 2020 година во однос на периодот јануари ‒ декември 2019 година, пад од 3,5 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, има раст од 12,2 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 13,7 отсто, капитални производи за 16,9 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 0,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за еден отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2020 година во однос на ноември 2020 година, има намалување од 18,8 отсто, додека во периодот јануари ‒ декември 2020 година во однос на периодот јануари ‒ декември 2019 година, намалуввање од 8,9 отсто.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.