ММС

Објавено на: 02/12/21 1:41 PM

Почина младиот музички уметник Илија Плевнеш

Младиот македонски музички уметник и тонски дизајнер, Илија Плевнеш (36) пред околу една недела ненадејно починал во Париз, а вчера во присуство на најблиските беше испратен во своето вечно живеалиште во Охрид.

Илија Плевнеш од својата четиригодишна возраст живееше во Париз, а од најрана возраст учествуваше како актер во различни театарски проекти. Тој своето академско образование го одбележа со диплома за тонски инжинер на Институтот за супериорни звучни студии во рамките на париската ESRA.

Подоцна специјализираше во Њујорк, при тоа работејќи во познатото студио Quad Recording, каде што се снимени многу албуми на легендарни имиња на современата музичка сцена.

Илија беше помладиот син на Јордан Плевнеш, македонски режисер, професор на креативно пишување на повеќе европски и американски универзитети и амбасадор на Република Македонија во Франција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.