ММС

Објавено на: 02/12/21 1:35 PM

(ВИДЕО) „Кажи, те чекам половина час“, Новак го загуби трпението на мечот со Фриц

Рекетот број еден, Новак Ѓоковиќ, на мечот против Американецот, Тејлор Фриц, во првиот „тесен“ сет го загуби трпението и бурно реагираше пред очите на публиката пред малите екрани.

Во моментите кога Ѓоковиќ требаше релативно лесно да го добие гемот и да го освои сетот со 6:3, американскиот тенисер направи „брејк“ кој иницираше невообичаена реакција на првиот тенисер на АТП листата.

Но зборовите кои ги упати Новак, а беше поприлично вокален, не беа упатени кон противникот, туку кон членовите на неговиот тренерски тим.

-Кажи, кажи, те чекам половина час, гласно ечеше Новак на течен српски јазик.

 

Мечот помеѓу Фриц и Ѓоковиќ сè уште трае. Србинот води со 2:1 во сетови, а на почетокот од третиот побара медицинска помош.

 

 

 

 

Фото:

atptour.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.