ММС

Објавено на: 02/12/21 1:07 PM

Идната недела утринските температури до -17, максималните дневни два степена

УХМР за следните денови најавува многу студен бран, со утрински температури до -17 степени и умерен до засилен северен ветер.  

Како што информира, за време на викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови.  Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Во југозападните делови снежната покривка некаде ќе надмине 20 сантиметри.

Утре утринската температура ќе биде од -4 до -10, а дневната од -5 до еден степен. Во недела ќе падне на -11 до -5 во утринските часови, а дневната ќе се движи од -8 до нула степени.

Утринските температури ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната недела и понекаде ќе се спуштаат под -15 степени. Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.

Според прогнозата, во среда утринските температури ќе бидат најниски, од -17 до -8 степени,  а дневните ќе се движат од -8 до три степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.