ММС

Објавено на: 02/12/21 12:45 PM

Од затвореник до милијардерка: Руската манекенка чека дете со мажот кој ја спасил од беда

Поранешата руска манекенка Лена Перминова (34) се пофалила на социјалните мрежи со најнови фотографии со трудничкиот стомак.

Убавата Русинка чека четврто дете со сопугот Александер Лебедев (61) и речиси секој ден објавува фотографии со трудничкиот стомак.

Таа открила дека овојпат чекаат момче, а од бракот со богаташот веќе ја има ќерката Арина и два сина – Игор и Никита.

Неодамна објавила топлес фотографија на која го истакна трудничкиот стомак, а градите ги прекрила со рацете, па напишала интересен опис.

-Секогаш се прашувам колку е ненијално женското тело. Веќе четврти пат ми се случуваат овие возбудливи промени и секој пат ги сакам се повеќе и повеќе, заклучила таа.

Лена на 16 гофини одлучила да го напушти родителскиот дома во Новосибирск и не ни помислувала дека ќе западне во невидени проблеми, но ни дека после тоа животот ќе и се претвори во бајка која ја живее денес.

Лена Перминова по заминувањето од својот дом почнала да продава екстази по клубови, бидејќи се заљубила во постар маж поради кој тоа го работела. Била уапсена, а и покрај тоа што се согласила да соработува со полицијата, не и била загарантирана никаква заштита. Била осудена, завршила во затвор, а дилерот за кој работела и се заканувал дека ќе ја убие.

-Во рускиот правен систем не постои спогодба со доушници, ниту заштита на сведоците, па била осудена на шест години затвор. Јас во тој момент работев на кампања за донесување на законот за заштита на сведоците и нејзиниот татко ми прати писмо. Ги запознав него и Елена, а почнавме да се забавуваме дури неколку години подоцна – рекол сегашниот сопруг на Елена, поранешен КГБ агент и руски милијардер, филантроп и медиумски магнат, Александер Лебедев.

Нивната љубов не почнала веднаш откако ја спасил од затвор.

Лена започнала модна кариера фотографирајќи се за „Плејбој“, после што се издигнала на врвот на светската мода. Паралелно завршува економија во Москва, а потоа започнала врска со Александер. Во брак се веќе 15 години, имаат три деца и чекаат четврто, а во Русија многу ги сакаат.

Лена, која некогаш немала за чоколадо, денес ужива во богатство, бидејќи Лебедев е еден од најбогатите луѓе во Русија.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.