ММС

Објавено на: 02/12/21 12:05 PM

Судијката Беса Адеми избрана за претседателка на Врховниот суд

Со 12 гласа „за” и еден против Судскиот совет на денешната седница ја избра врховната судијка Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд на Република Северна Македонија. Таа ги доби и гласовите на етничките заедници во сооднос 4:1.

-Донесена е Одлука за избор на претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија, по оглас број 09-1733/2 од 11.11.2020 година, и тоа за претседател на Врховниот суд на РСМ е избрана Беса Адеми, судија на Врховниот суд на РСМ, стои во соопштението објавено на веб страницата на Судскиот совет.

Покрај Адеми за претседателското место во Врховниот суд конкурирале и судиите Џемали Саити и Лидија Неделкова.

Беса Адеми е родена на 23.1.1964 година во Скопје. Живее во Скопје. По националност е албанка. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1990 година. Правосуден испит положила во Скопје на 8.4.1993 година.

Адеми на 15.12.1990 година започнала да работи како приправник-волонтер во тогашниот Окружен суд Скопје, а од 8.2.1994 година била стручен соработник во истиот суд. Во периодот од 9.12.1999 година до 14.6.2004 година работела како заменик јавен правобранител на РМ во Јавното правобранителство на РМ. На 15.6.2004 година е избрана за судија во Апелацискиот суд Скопје каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел. На 7.7.2009 година е избранa за судија на Врховниот суд на Република Македонија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.