ММС

Објавено на: 02/12/21 11:23 AM

Никако да не одбегнувате прошетки во зима – лекарите велат дека тоа е одлично за здравјето!

На сите ни е добро познато дека одењето е добро за здравјето и дека треба да направите минимум 10.000 чекори на ден – особено ако седите во канцеларија осум или повеќе часа.

Сепак, колку и да е здраво, многу луѓе се одлучуваат да одат само два или три месеци годишно кога е топло, а експертите тврдат дека ова е сосема погрешна одлука и дека секогаш треба да пешачите – особено во зима.

-Пешачењето не бара посебни вештини – секој знае да оди. Тоа е безбедна, лесна вежба што може да има големо влијание врз здравјето”, вели др. Седрик Брајант, претседател и главен научен службеник на Американскиот совет за вежбање.

-Промената на глетката, свежиот воздух и сончевата светлина имаат многу позитивни ефекти врз здравјето“, додаде тој.

Амириканското министерството за здравство препорачува 150 до 300 минути аеробик вежби со умерен интензитет еднаш неделно за возрасни – еквивалентно на брзо одење од најмалку 30 минути, пет дена во неделата.

На тој начин ќе ја одржите моменталната тежина, но ако сакате да изгубите неколку килограми ќе треба да пешачите подолго и побрзо – Брајан препорачува 45 до 60 минути на ден и вели дека тој период можете да го поделите на два помали.

За што е добро одењето?

-На нашите бели дробови им овозможува пренос на повеќе кислород до другите органи и да исфрлат дел од токсините кои се штетни за организмот при дишењето. Ова истовремено ги зајакнува здравјето и функцијата на белите дробови.

– Истражувањата покажаа дека пешачењето им помогна на луѓето да го намалат шеќерот во крвта и да спречат дијабетес.

Покрај придобивките за физичкото здравје, пешачењето има голем ефект и врз менталното здравје. Лекарите велат дека одењето е еден вид медитација затоа што стапувате во контакт со своите мисли и се опуштате.

Извор и фото: Вечерниј.хр

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.