ММС

Објавено на: 02/12/21 11:26 AM

Почнува вакцинацијата во Црна Гора со Спутник V

Вакцинацијата на приоритетните групи во Црна Гора се одвива на околу 40 пунктови, од кои шест се во главниот град, пишува „Вјести“ и се наведува дека црногорскиот институт за лекови и медицински средства дал согласност за увоз на вакцината Спутник V.

На примарно ниво на здравствена заштита, односно 18 здравствени домови, граѓаните ќе се вакцинираат на околу 30 пунктови.

Во Бар ќе има три или четири пунктови за вакцинација, Улцињ два, Подгорица шест, од кои по еден ќе бидат во Голубовци и Тузи, пишува Вјести.

Секоја од седумте општите болници ќе ги вакцинира своите вработени, а по завршувањето на имунизацијата на приоритетните групи, во кои спаѓаат здравствените работници, постарите, корисници на домови за стари лица, ќе се разгледа отворањето на повеќе пунктови за масовна вакцинација.

Извор: n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.