ММС

Објавено на: 02/12/21 10:24 AM

Иницијатива за конгрес: Мицкоски нема капацитет да ја води партијата

Сè уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема капацитет да ја води партијата. Тоа резултира со видлива несигурност и немир, кои предизвикуваат панични реакции на ароганција, гнев и навреди кои сите оние што се охрабруваат да ја кажат вистината што ја гледа целата јавност, велат од Иницијативата за конгрес во ВМРО-ДПМНЕ.

-Вистината е дека Мицкоски е неспособен да ги привлече симпатиите на граѓаните и служи само како спаринг партнер во изборните победи на власта.
Вистината е дека Мицкоски има погрешно поставени приоритети, а личните, лукративни интереси му се поважни од партиските и државните.
Партиските членови и граѓаните ја препознаваат ароганцијата со која што ја прекрива сопствената  несигурност и со тоа ја влече партијата надолу.
„Заробеници”, „слуги”, „гадење”, „криминални обиди”, „стопан Заев” се само дел од епитетите со кои Мицкоски вчера ги навредуваше делегатите што го избраа и му доверија партија од 150 000 членови. Нивниот единствен грев е тоа што тие очекуваат од човекот што го избрале да им објасни дали партијата ја водел успешно или не ? Дали смета дека имал успеси или порази ? Нивниот грев е тоа што бараат објаснување дали власта била толку добра или Мицкоски бил лош за да победи на избори ? Наместо одговори и отчет пред оние кои го избрале, Мицкоски возвраќа со навреди кои се срам за секој чесен член на партијата, стои во соопштението до јавноста.

Од Иницијативата бараат сплотување на 17-от Вонреден конгрес во Скопје на 28 марти, предупредувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема време за губење и не смее да си дозволи губење на уште едни избори.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.