ММС

Објавено на: 02/12/21 10:27 AM

Не разведуваат барем еднаш месечно: Тајната на бракот на Слобода и Воин – рецептот е едноставен

Слобода Мицаловиќ и Воин Четковиќ важат за едни од најскладните парови на јавната сцена.

Тие сега откриваат дека за успешен брак важна е љубовта, почитувањето и разбирањето. Тие двајца се сретнале на снимањето на филмот „Зона Замфирова“ во 2002 година.

– Се сеќавам кога прв пат ја погледнав, снимавме, таа беше студентка. Никогаш на таков начин не ги гледав студентките, бидејќи во главно биле деца. Поминаа неколку години и снимателот ме повика да дојдам да видам нешто. Ја видов како некој кој ќе снима, не ја гледав по принципот „убава е“ или слично, раскажал актерот.

Слоба истакнува дека луѓето ги разведуваат барем еднаш месечно.

– Не разведуваат барем еднаш месечно. Веќе стана досадно. Кога еден ден би се развеле, мислам дека никој не би поверувал, се шегувала актерката, а открила и како ги воспитува близначките Вера и Мила.

– Настојуваме да ги воспитуваме онака како што Воин го воспитувале неговите родители и мене моите. Дали тоа умеам и можам е друга работа, но многу сакам. Израснав во мала средина, Воин исто така. Ќе видиме што животот им припремил, а јас се надевам дека ќе биде благ спрема нив, заклучува Мицаловиќ за „Hello“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.