ММС

Објавено на: 02/12/21 9:23 AM

Грчкиот премиер Мицотакис со тврдење за добиена поддршка од меѓународната заедница за кипарското прашање

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, тврди дека добиле поддршка од меѓународната заедница во врска со решавањето на кипарското прашање, јавува Агенција Анадолија (АА).

Мицотакис имаше свое обраќање на Пријателскиот форум организиран во Атина.

Тој нагласи дека Форумот кој е организиран со учество на министрите за надворешни работи на Грција, грчката администрација на Јужен Кипар, Египет, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Саудиска Арабија и Јордан, е отворен за сите.

Грчкиот премиер изрази надеж дека по пандемијата на Ковид-19, овој Пријателски форум ќе го организираат во формат на самит.

Мицотакис нагласи дека помеѓу земјите учесници на Форумот може да има уште поцврста соработка во областа на дипломатијата, економијата, енергетиката и пандемијата, тврдејќи дека овој сојуз не е против никого.

Тој се осврна и на можното решение на кипарското прашање.

„Во рамки на резолуциите на ОН и законодавството на ЕУ, сите земји покажуваат поддршка за нас за праведно, постојано и функционално решение [за Кипар]. Исто така [овие земји] посакуваат да се воспостави мир и благосостојба во нашиот геостратешки клучен регион, почитувајќи ја сувереноста, независноста и територијалниот интегритет на нашите земји, со цел мировно решавање на несогласувањата, како и мир, безбедност и добрососедски односи“, додаде грчкиот премиер.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.