ММС

Објавено на: 02/11/21 11:40 PM

Филипче да набави вакцини, а не да чека донации: ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот

Венко Филипче наместо да се шета по телевизии, треба да се фати за работа, да набави вакцини, а не да чека донации. Со откажување на донацијата од Србија се покажа дека не може ни да го земе тоа што му го даваат, реагираше вечерва опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На Филипче работа му е да набави вакцини, а тој прво се шеташе, молеше за вакцини, наместо да преговара за договори за набавка. И така се случи за пократок временски период да се дојде до формула за вакцината, да има вакцини од повеќе производители, ама никако да се случи да стигнат вакцини против корона – смета опозицијата.

Партијата обвини дека министерот за здравство не е способен да набави вакцини.

Филипче наместо да си прави промоција со измислени работи, треба да трча по вакцини. Скоро три илјади лица се починати, колку ќе беа спасени ако имаше вакцини – се додава во реакцијата во која опозиционерите побараа оставка од министерот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.