ММС

Објавено на: 02/11/21 10:55 PM

Ќе се испитува комбинацијата на вакцините Спутник Ви и АстраЗенека: Азербејџан ја издаде дозволата

Азербејџан денес издаде дозвола за клиничко испитување на вакцините Спутник Ви и АстраЗенека. Испитувањето ќе почне кон крајот на месецов. Првата комбинирана вакцина во светот ќе се направи во согласност со протоколот за клинички испитувања, регистриран на 24 декември минатата година. Испитувањето ќе подразбира евалуација на имуногеноста и безбедноста на комбинираните вакцини. Истражувањето ќе се спроведува во текот на шест месеци во неколку земји и од секоја од нив ќе учествуваат по 100 волонтери.

„Мораме да им се приклучиме на меѓународните напори и да користиме напредни решенија за да го поразиме коронавирусот. Ние сега користиме две од три вакцини кои во моментот имаат ефикасност од 90 проценти.  Подготвени сме и да развиеме соработка со други произведувачи за да го зголемиме бројот на достапни вакцини. Спојувањето на дејствата на Спутник Ви и АстраЗенека е првиот и многу важен пример за соработка во светот – изјави рускиот претставник, Кирил Дмитријев.

Меморандумот за спојувањето на вакцините го потпишаа Рускиот фонд за директни инвестиции, компанијата Р-фарм, Гамалеја центарот и компанијата АстраЗенека.

Р-фарм веќе со години соработува со Азербејџан. Оваа пилот студија е важна за развој на нови методи кои ќе помогнат во превенцијата на коронавирусот – изјави директорот на компанијата, Алексеј Репик.

Фото:  Илустрација /  pixabay

Извор:      nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.