ММС

Објавено на: 02/11/21 8:22 PM

Судот во Приштина го осуди Зоран Ѓокиќ на 12 години затвор за воени злосторства

Основниот суд во Приштина денес ја соопшти пресудата со која Зоран Ѓокиќ од Пеќ се осудува на затворска казна од 12 години за воени злосторства извршени во текот на март и април 1999 година во Пеќ, пренесува Анадолија (АА).

Зоран Ѓокиќ беше уапсен на преминот „Јариње“ и е во притвор од февруари 2019 година. Во изречената казна ќе му се пресмета и времето поминато во притвор.

Судскиот совет, со кој претседаваше судијата Арбен Хоти, го прогласи Ѓокиќ виновен за злосторство кое со криминалните групи го сторил против цивилното население во април и март 1999 година во населбите Кај солитерот и Кристал во Пеќ.

Осудениот Ѓокиќ врз основа на обвинението учествувал во акција на група српски војници и полициски униформирани паравоени сили во психичко и физичко злоставување и протерување на Албанците од своите домови.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.