ММС

Објавено на: 02/11/21 7:55 PM

НАТО го поддржува процесот на безбедносен ветинг за официјални лица

Портпаролката на НАТО Алијансата, Оана Лунгеску за МИА порача дека од Северна Македонија има поддршка за ветингот на официјални лица за безбедносни цели – јави дописничката на МИА од Брисел.

-НАТО силно ја поддржува посветеноста на Северна Македонија за одржување на безбедносните стандарди на НАТО, вклучително кога станува збор за персоналот за безбедносни дозволи, изјави Лунгеску.

Таа додаде дека стандардите на Алијансата бараат специфични критериуми за одредени позиции и функции.

-Националните власти се одговорни за воспоставување на сопствените процедури во однос на безбедносните дозволи, истакна портпаролката на НАТО.

За дополнителни детали околу процедурите, одговорите треба да ги дадат македонските власти, велат од Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, во Брисел.

На средбата станало збор за низа теми како помошта во борбата против пандемијата, нова медицинска помош преку Фондот за ковид-19 на Алијансата, како и за клучни безбедносни прашања. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.