Време: Следува студен период со снег, мраз, ветер и температури што ќе се спуштат и до -17 степени
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/11/21 7:37 PM

Време: Следува студен период со снег, мраз, ветер и температури што ќе се спуштат и до -17 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност, студено и ветровито. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура од -1 до -9, а максималната дневна до +6степени. Тоа е прогнозата на УХМР за утре.

Следува период на многу студено време со умерен до засилен ветер од северен правец. Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми, повеќе во западните делови. Температурите ќе се задржат негативни, а особено ниски ќе бидат утринските во почетокот на наредната седмица.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7