Таканаречената иницијатива на мал број луѓе заробеници и слуги на Зоран Заев кои што се обидуваат да манипулираат практично со дел од делагатите кој што беа присутни и на конгресот во Куманово, а потоа и во Валандово, рече Мицкоски при одговор на новинарско прашање во врска со иницијативата за вонреден Конгрес.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека истите се со единствена цел практично да добијат милост од Зоран Заев за да може да се спасат од определен политички и кривичен прогон кој што се случува.
Мицкоски рече дека Централниот Комитет на вчерашната седница закажа Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за крајот на месец ноември партијата, тој е редовен конгрес кој што се одржува секои 4 години и на тој конгрес ќе се разговара за идните чекори кои што идното раководство на партијата ќе ги преземе кое што ќе биде избрано на тој конгрес.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ