Ракометарите на „Еурофарм Пелистер“ вторпат за два дена ја совладаа унгарска „Татабања“ во двомечот во Битола од Европската ракометна лига. Денес битолчани победија со 24-21 (9-11).
До победата ракометарите од Битола стигнаа многу тешко. На почетокот на мечот „Татабања“ поведе со 5-1, а битолчани вториот гол го дадоа дури во 13’. На полувреме Унгарците заминаа со предност од 11-9.
Првото изедначување на мечот битолчани го имаа во 39’, а првото водство дури во 52’. Успеаја да го задржат до крајот на натпреварот. Со двете победи против „Татабања“, битолчани заначително ја подобруваат позицијата на табелата во Д-групата на Лигата.