ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/11/21 5:40 PM

Во воздушна акција во Авганистан убиени 31 Талибанец

Најмалку 31 талибански милитант е убиен во воздушна акција на подрачјето на покраината Белх, во западниот дел на Авганистан, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Во соопштението од Командата на 209. Корпус е наведено дека авганистанските сили извршиле воздушна акција врз камп на талибанците во регионот Ак-Тепе.

Наведено е дека во воздушната акција се убиени најмалку 31 талибанец, меѓу кои и талибански официјални претставници.

Од редовите на талибанците сѐ уште не се огласија за нападот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1