ММС

Објавено на: 02/11/21 5:35 PM

Нова можност на Е-ПДД за МојДДВ – граѓаните ќе можат да ја проверуваат исплатата

Управата за јавни приходи на електронската платформа  е-ПДД постави  нова функционалност за граѓаните  кои скенираат фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ, информираат од УЈП.

Појаснуваат дека секој граѓанин со најава на својот профил на  е-ПДД , има можност  во новото  прозорче ,,МОЈ ДДВ – До каде е исплатата на повратот,, да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ.

-Преку оваа нова функционалност граѓанинот  може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно  кога е извршена исплатата,  дали трансакциската сметка  е погрешно внесена ( внесената сметка не е лично негова / внесен е број на платежна картичка), како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка за да се реализира исплатата, наведуваат од УЈП.

Управата за јавни приходи, посочуваат, продолжува со поедноставување и автоматизирање на процесите, во насока на обезбедување на високо ниво на услугите за граѓаните.

MИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.