ММС

Објавено на: 02/11/21 4:02 PM

Поларна зима во Канада, температури и до -52 степена

Канада бележи една од најстудените зими, а како резултат на феноменот познат како поларен вртлог, температурите паднаа и до неверојатни минус 51,9 степени.

Сите десет милиони квадратни метри на Канада беа замрзнати, а температурите беа под нулата, а на територијата на Јукон беа измерени -37,9 степени. Претходно, ЦТВ Њуз објави дека е -51,9 степени во Веквети, на северозападните територии, што е најниска температура измерена во оваа област во последните четири години. Најтопло место, пк, во еден момент бее Естеван Поинт, со температура од  +3,4 степени.

“Не е лесно и многу ретко се случува да замрзне сè во целата земја. Потребна е комбинација од неколку фактори. За секоја провинција да има температура под нулата, особено Викторија, треба да се случат многу работи во атмосферата за да се задржи студениот воздухот од едниот до другиот брег “, рече метеорологот Тајлер Хамилтон.

Леденото време се очекува да трае уште неколку дена.

Метеорологот Тери Ланг рече дека пониски температури од -54,7 степени во Канада биле измерени во 2017 година и оти тој студен бран се случил кога поларниот вител поминал низ западниот дел на земјата, што одеднаш ги намали температурите поради силниот ветер.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.