ММС

Објавено на: 02/11/21 4:01 PM

(ВИДЕО) Девојка нападната во маркет – Еве како вистински херој ја спасува

Деновиве најмногу зборуваме за сајбер-булингот и за сите оние кои се дрзнуваат да го искористат интернетот како начин за малтретирање и нарушување на приватноста на девојките. Но додека зборуваме за ова, не треба да заборавиме дека истото се’ уште се случува и во реалноста, надвор од интернет просторот.

Брендон Роберт е дечко кој неодамна во маркет засведочил токму ваква ситуација. Пазарувајќи, забележал дека проблематичен дечко недолично и пришол на девојка која исплашена од ситуацијата немала храброст да се одбрани и да реагира.

Кога сфатил дека девојката сама е во безизлезна ситуација. Брендон одлучил да ги земе работите во свои раце и да ја спаси од чудакот кој се однесува недолично.

Целото искуство Брендон го снимил на телефон, па во видеото се гледа како Брендон им се доближува на девојката и проблематичниот дечко и глумејќи дека лично се познава со девојката вели: „Еј здраво! Овде со мене е тетка ми, сакаш да ја видиш?“.

За среќа девојката ја сфаќа намерата на Брендон па продолжува: „Тетка Клер? Одлично, одиме.“

Девојката продолжува да оди со Брендон, среќна што успеала да се оттргне од ситуацијата и благодарна што нејзиниот херој Брендон се нашол на вистинско место во вистинско време за да ја спаси од опасност.

Целото видеото од искуството Брендон го сподели на ТикТок, па во прилог погледнете како храбро се спасува девојка во неволја.

@thebrandonrobertShe was so thankful 🥺🥺

♬ original sound – Brandon Robert


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.