ММС

Објавено на: 02/11/21 2:05 PM

Уште еден пациент со мутираниот британски сој регистриран во Штип

Денеска е потврдено присуството на новиот, британски сој на корона вирусот кај уште една пацинетка од Штип, откако во понеделникот  во лабораторијата на МАНУ стигна потврда за штипјанка, која била хоспитализирана на Инфективното одделение во Клиничката болница.

Од штипскиот Центар за јавно здравје за ММС соопштија дека двата случаи се независни еден од друг, односно не се работи за контакт меѓу двете жени.

Во моментов се утврдува дали пацинетката од денеска потврдениот случај патувала во странство. За пацинетката којашто е хоспитализирана, е потврдено дека не патувала во странство, но се утврдува контактот со лице, кое допатувало во Македонија.

Новопотврдената пацинетка со мутираниот британски сој е на домашно лекување.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.