ММС

Објавено на: 02/11/21 2:09 PM

Томас Милер поради Ковид-19 го пропушта финалето со Тигрес

Германскиот интернационалец Томас Милер, поради Ковид-19 го пропушта финалето на Светскиот куп против мексиканскиот претставник Тигрес, пренесува германски „Скај Спорт“.

Последните задолжителни ПЦР тестирања пред големото финале го ставија Милер на глобалниот список на фудбалери кои имаат или имале коронавирус и го оневозможија неговиот настап против Мексиканците предводени од Андре Пјер Жињак,

Милер претставува круцијална алка во тактички замисли на Ханси Флик и ваквата здравствена состојба би можела да го оддалечи од терените на некое време. Според германските медиуми, Милер со сигурност го пропушта мечот од Бундеслигата викендов, но постои ризик дека Германецот ќе го пропушти и првиот 1/8 финален дуел против Лацио во Лигата на Шампионите.

Леон Горецка и Хави Мартинез претходно во таборот на Баерн беа исто така позитивни на Ковид-19.

 

 

 

Фото:

thestatesman.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.