Ема Сноу (26) на Инстаграм со своите следбеници редевно го споделува својот пат кон идеална фигура.
Иако има само 26 години, Ема со години била во нездрав однос со храната и секогаш јадела брза, мрсна и зачинета храна со достава. Кога сфатила дека има повеќе од 105 килограми, одлучила да ги промени навиките од корен и ослабе на здрав начин.
Ема моментално има 66 килограми и успеала да ја постигне саканата тежина со само две измени во секојдневниот живот.
Престанала да нарачува храна со достава и наместо тоа сама почнала да готви слични јадења, но со здрави состојки. Но најважно од се е што секаде почнала да оди пеш.
Тоа не и придонело само фигура од соништата, туку и како што рекла, заштедила и повеќе од 115 евра месечно.
„Бев полничка и како дете, па испробував некои тренди диети, но ништо не вроди со плод. Кога го запознав моето момче, почнавме набрзо да живееме заедно и само седевме на кревет и јадевме пред ТВ. Одлуката да ги променам навиките ја донесов кога го отворив плакарот и сфатив дека ни едно парче неможам да го облечам, а во него да се чувствувам удобно“, рекла таа.
Сега вели дека појадува овесна каша, рибја чорба или сендвич со туна, а за вечера многу протеини, говедско или риба.
„Најважна беше одлуката да пешачам. Понав да одам до работа, а паузата за ручек да ја искористам и за прошетка, а не само да јадам. Не ми се промени само фигурата, туку и расположението ми е фастантично“, рекла таа.
Извор: Мондо.рс