Општина Аеродром објави јавен повик за новинарски натпревар на кој можат да учествуваат новинари и медиумски куќи со професионално изработени продукти посветени на европската определба во рамките на Стратегиската платформа за локален економски развој 2021-2025.
Како што наведуваат од Општината, оваа платформа, „Аеродром ‒ прва општина со европско знаменце”, се заснова врз европските стандарди и вредности: заштита на животната средина, модернизација на урбаното живеење, подобрување на квалитетот на живот во општината и рурален развој, области на кои треба да се фокусира новинарскиот продукт.
– Темите што ќе се обработуваат со новинарските стории треба да се однесуваат на европските вредности и нивна промоција на локално ниво преку новинарски истражувачки текстови, стои во соопштението.
Повеќе информации за платформата „Аеродром ‒ прва општина со европско знаменце”, како и за темите и проектите може се најдат преку линкот на општинската интернет-страница и на општинската страница на Фејсбук.
Јавниот повик за новинарски натпревар може да се најде на следниот линк.