ММС

Објавено на: 02/11/21 12:06 PM

(ВИДЕО) Кога те напаѓа Леброн, не бираш средства за одбрана

Шампионот Лејкерс одигра за првпат по 1991 година три натпревари во НБА лигата кои завршија со продолженија. Додека пак нивниот ас Леброн Џејмс исто така за првпат во својата кариера одигра три натпревари по ред „овертајм“.

„Езерџиите“ успеаа да извлечат полн плен потешко од очекувањата против екипата на Оклахома (114:113) и по вторпат за краток рок да го совладаат истиот опонент. Леброн и момците се во серија од шест натпревари без пораз, манифестирајќи уште еднаш извонредна енергија и силна аспирација за задржување на трофејот во Лос Анџелес.

Тандерс во еден период од мечот водеа дури со 20 поени разлика, но шампионското срце и неуморливиот Леброн Џејмс не дозволија младата и полетна екипа да им ги замрси сметките. Џејмс со 25 поени и седум асистенции го предводеше Лејкерс кон нова победа, но за волја на вистината и покрај статистиката, на „кралот“ воопшто не му беше лесно.

А не му беше лесно, меѓудругото и поради неконвенционалниот начин на одбрана на противникот, конкретно на Лу Дорт. Канаѓанецот во редовите на Тандерс не бираше средства за запирање на нападите на Џејмс, а неговите реакции во одбраната станаа хит на социјалните мрежи.

 

Веројатно, Дорт го читал Макијавели. Само што целта не ги оправда докрај средствата.

 

 

 

 

Фото:

thesportsrush.com

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.