ММС

Објавено на: 02/11/21 11:19 AM

Мали панди близнаци прв пат видоа снег – фотографиите воодушевуваат

Пандите важат за едни од најомилените животни на светот, а нивното совршено крзно на прво гледање е како плишана играчка и секогаш предизвикува воодушевување.

Овие две „крзнени топчиња“ се стари само 18 месеци и живеат со мајката во зоолошката во Белгија.

Бао Ди и Бао Меи, како што се крстени веднаш по раѓањето во август 2019 година, ги фотографирале додека си играле на снег, прв пат кој го гледаат во животот.

Под будното око на мајката која им го следела секој  чекор, пандите уживале во магијата на зимата.

Извор и фото: Информер.рс

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.