ММС

Објавено на: 02/11/21 10:33 AM

Тој ја прослави, со него живеела 10 години – Кој е првиот невенчан сопруг на Ана Бекута

Ана Бекута дури 10 години живеела со музичарот, бубњарот Предраг Видовиќ Преја.

1981 година била судбоносна за Ана. Предраг Видовиќ на почетокот на 80-тите се вратил во Шабац после ангажманот во Германија и Америка. Сфатил дека подобро може да се заработува на народно, Видовиќ го променил музичкиот правец и заедно со својот бенд распишал конкурс за пејачка на кој се јавила Нада Полиќ, односно Ана Бекута.

 

Покрај Предраг Видовиќ, Ана почнала сериозно да се занимава со музика. Работејќи, се зближиле и приватно и биле полни десет години во врска.На една од своите турнеи, почетокот на 90-тите, Ана се зближила со клавијатуристот Слободан Смакиќ. Во 1992 година засекогаш го напуштила Преја и Шабац, и се преселила во Белград. Со Слободан живеела и работела до 2000 година.

Денес Бекута е во среќна врска со поранешниот министер Милутин Мркониќ. Иако тој официјално не се развел од сопругата Драгана Даш, тоа на Ана и Милутин не им смета , па со години уживаат еден покрај друг.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.