ММС

Објавено на: 02/11/21 10:12 AM

Министерот Филипче за „Политико“: Набавката на вакцини не смее да биде политичко прашање

Министерот Филипче во изјава за „Политико“ ја коментираше актуелната состојба со набавката на вакцини во Европа и нашата земја. Тој изјави дека на набавката на вакцини не гледа како политичко или геополитичко прашње и дека приоритет е зачувување на јавното здравје. Филипче истакна дека сите земји од Европската унија во моментов се соочуваат со недостиг и предизвик во набавката на вакцини.
-Сите се соочуваме со предизвици со пристапот до вакцинација. Земјите во ЕУ се соочуваат со свои предизвици. Сметам дека механизмот за европска солидарност доцни, но не дека нема да се реализира, истакна за Политико министерот Филипче.
Заради потребата од усогласување на техничка документација, доставувањето на вакцините од соседна Србија кое требаше да се случи денес беше одложено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.