ММС

Објавено на: 02/11/21 9:47 AM

(ВИДЕО) Еден месец преживеале на пуст остров, јаделе стаорци – крајбрежната стража во неверување

Американската крајбрежна стража спасила тројца Кубанци на ненаселен остров кај Бахамите кои таму биле изгубени 33 дена.

Се работи за две жени и еден маж, кои како што се наведува преживеале хранејќи се со кокоси, школки и стаорци.

„Неверојатно е како успеале да преживеат толку долго“, рекол еден од спасувачите.

 

Кубанците се спасени на островот кој се наоѓа помеѓу Флорида Киза и Куба.

За време на редовна патрола на членови на екипажот на хеликоптерот, ги забележале како мавтаат со импровизирани знамиња на гребенот на Ангуила.

Од хеликоптерот на островот спуштиле радио, храна и вода, а дури наредниот ден ги спасиле поради лошите временски услови.

 

Како што се наведува не биле повредени, но биле пренесени во медицинскиот центар на Флорида поради прегледи.

Таму е утврдено дека се дехидрирани и покажувале знаци на замор, но биле во одлична состојба со оглед на тоа колку долго биле препуштени сами на себе.

„Им било многу тешко бидејќи немале вода за пиење“, рекол Мајк Алерт, пилот на хеликоптерот.

Тројцата Кубанци на крајбрежната стража им раскажале дека пред пет недели нивниот брод потонал во бура во морето и сами допливале до островот. Другите детали за престојот на пустиот остров не се познати.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.