ММС

Објавено на: 02/11/21 8:01 AM

Која е најголемата заблуда за ревакцинацијата, која погрешно се разбрала, открива српски епидемиолог

Бидејќи првите граѓани во Србија беа вакцинирани на крајот на декември, голем број од нив во голема мера ја примаат втората доза од оваа вакцина. Сепак, честопати се слуша во јавноста дека „некој ќе се ревакцинира“, што, велат експертите, е погрешно.

– Не станува збор за ревакцинација, туку за примарна вакцинација која се дава во две дози. Сè уште не е познато дали ќе ни треба повторна вакцинација, односно ревакцинација по одреден временски период и со колку дози. Тоа ќе го знаеме само кога ќе видиме колку ќе трае имунитетот по овие две дози – објаснува проф. д-р Радмило Петровиќ, епидемиолог во пензија.

Тој вели дека еден месец по втората доза на вакцината се постигнува максимален заштитен ефект.

-Ќе видиме колку ќе трае имунитетот и само тогаш можеме да зборуваме за можна ревакцинација, изјави Петровиќ.

Во овој момент се’ уште не е познато времетраењето на имунитетот по вакцинирањето, исто како што не е познато колку долго трае имунитетот по претходна инфекција предизвикана од вирусот SARS-CoV-2.

Извор: srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.