ММС

Објавено на: 02/11/21 7:57 AM

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот Филипче

Одложувањето на примопредавањето на вакцините кое Владата на Заев го најавуваше 10 дена е дел од епската брука и неспособност на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо да се правдаат дека и ова е перцепција, утре чекаме Филипче сам да си ја напише оставката и да ја спаси земјава од епската неспособност и брука. Заев го проби дното. Банда неспособни луѓе управуваат со нашата земја, стои во соопштението на партијата.

Заради потребата од усогласување на техничка документација се одложи пристигнувањето на вакцините против коронавирус од соседна Србија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.