ММС

Објавено на: 02/11/21 7:24 AM

Презентација на Извештајот за спроведувањето на препораките од проектот за ранливост од корупција

Транспаренси Интернешнл-Македонија и Државната комисија за спречување на корупција денеска ќе го презентираат Извештајот за мониторингот над препораките дадени во финалниот извештај од проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам”.

Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.

-Во периодот од октомври до декември 2020 година согласно методологијата, спроведен е мониторинг над спроведување на препораките. Целта на овој мониторинг е да се воспостави континуитет во следење на спроведување на препораките, да се согледа на кој начин надлежните институции ги прифатија наодите во Извештајот и кои мерки и активности се преземаат од институциите, наведува претседателката Транспаренси Интернешнл-Македонија, Слаѓана Тасева.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.