ММС

Објавено на: 02/11/21 7:23 AM

Не е точно дека не сме аплицирале за регистрација – Креаторите на руската вакцина ја демантираат ЕМА

Креаторите на руската вакцина Sputnik V денес објавија снимка од нивната апликација до Европската агенција за лекови (ЕМА) за регистрација на вакцината.

– Во одговорот до Европската агенција за лекови, кој рече дека не може да најде дека поднесовме барање за регистрација во Европската унија, покажуваме доказ дека тоа го сторивме на 29 јануари. Нашата вакцина е веќе регистрирана во 24 земји – стои во твитот на руска страна, а пренесе ТАС С.

Скриншот од апликацијата е објавен на официјалниот профил на Твитер на  Sputnik V.

Извор: novosti.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.