ММС

Објавено на: 02/10/21 11:14 PM

На слобода е активистката која беше во затвор бидејќи бараше жените да смеат да возат

Една од најистакнатите политички активистки во Саудиска Арабија, Луџаин ал-Хатлул денес е пуштена од затвор – објави на Твитер нејзиното семејство. Таа беше во затвор речиси три години, бидејќи се бореше за укинување на забраната за возење за жените. Ал-Хатлул беше осудена минатиот декември на скоро шест години затвор врз основа на Законот за борба против тероризмот. Обвинета е за злосторства кои групите за заштита на човековите права ги опишаа како политички мотивирани, вклучувајќи и спроведување странски агенди.

Нејзината сестра Лина ал-Хатлил објави снимка на која се гледа насмеаното лице на Луџаин, додавајќи дека конечно е дома. Таа е пуштена на слобода предвреме, откако судијата укина дел од нејзината казна поради добро однесување.

Иако е на слобода, таа има петгодишна забрана за патување и три години условна казна.

 

Фото:  Instagram / loujainhathloul

Извор: b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.