ММС

Објавено на: 02/10/21 9:51 PM

Полските „зони без ЛГБТИ“ на удар на европските активисти за човекови права

„Зоните без ЛГБТИ заедницата“ во Полска кои ги има околу сто во државата и се наоѓаат во разни региони и градови, би можеле да доведат до говор на омраза и насилство – смета Европската организација за човекови права. Европската унија исто така ги искритикува таквите зони кои почнаа да се појавуваат во 2019. година кога полската националистичка влада почна кампања против правата на ЛГБТИ заедницата – наведува Ројтерс.

„Овие зони се дел од широкиот напад на ЛГБТИ луѓето во Полска, во чии рамки официјални лица и медиуми користат говор на омраза – се наведува во извештајот на Организацијата за човекови права. Властите во 94 заедници во Полска во 2019. година изгласаа резолуција против „ЛГБТИ идеологијата“, нешто за што официјално во земјата не постојат легални последици. Оваа резолуција наиде на поддршка кај хетеросексуалните парови.

„Зоните без ЛГБТИ“ според адвокатите, предизвикале насилство, вклучувајќи напади на две Паради на гордоста. Освен тоа, се смета дека придонеле за влошување на менталното здравје на младите припадници на ЛГБТИ заедницата – пишува Ројтерс.

Полска денес се најде на удар во извештаите на локалните и регионалните заедници низ цела Европа.

Ако велите дека ЛГБТИ заедницата шири некоја идеологија, тогаш тие луѓе ги дехуманизирате – изјави Ендрју Боф, коавтор на извештајот.

Фото: Илустрација / Freepik

Извор:  politika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.