ММС

Објавено на: 02/10/21 9:21 PM

Половина милион дози од вакцината на Синофарм пристигнаа вечерва во Србија

Нов контигент од половина милион вакцини на кинескиот производител Синофарм пристигна вечерва во Србија. Авионот на „Ер Србија“ слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ околу 20:50 часот, а го дочекаа премиерката, Ана Брнабиќ и кинеската амбасадорка во Србија.

Кон средината на минатиот месец Кина и’ го испорача на Србија првиот контигент од милион дози од вакцината на Синофарм. Инаку, во Србија вчера пристигнаа и 50 илјади дози од руската вакцина Sputnik . Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека во следните 15 дена ќе стигнат уште 50 илјади дози.

До крајот на февруари Србија ќе добие уште 88 илјади дози од вакцината на ФајзерБионтек, но и 125 до 150 илјади дози од вакцината на АстраЗенека. Тие се очекува да пристигнат до 20. февруари, за што веќе е потпишан и договор.

 

Фото: screenshot Pink tv

Извор: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.