ММС

Објавено на: 02/10/21 7:39 PM

(Видео) Јас сум здрав и сакам дома: Малиот Сухејб оздраве и ја напушта Детската клиника

И малиот Сухејб заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во знак на заминувањето дома. Петгодишното детенце после 9 месечната хемотерапија конечно си заминува, а видеото кое го регистрираше тоа денес е објавено на социјалните мрежи.

Јас сум здрав и сакам дома – изјави Сухејб, малиот херој кој доби аплауз од директорката Аспазија Софијанова и целиот тим.

Видеото го објави министерот за здравство, Венко Филипче со одобрение од родител

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.