ММС

Објавено на: 02/10/21 7:11 PM

Ракометарите на „Еурофарм Пелистер“ со победа против унгарска „Татабања“

Ракометарите на „Еурофарм Пелистер“ пред малку во Битола ја совладаа унгарската екипа „Татабања“ со 21-19 (11-10) во рамките на Д-групата Европската ЕХФ лига. Иако битолчани беа убедливи до финишот на првото полувреме, имаа во неколку наврати и водство од пет гола разлика, сепак, можеа да направат од готово вересија.

Полувремето го завршија само со гол разлика (11-10), а во второто полувреме гостите дури во неколку наврати и водеа. Битолчани иницијативата ја повратија во средината на второто полувреме и стигнаа до втората победа во групата. На денешниот меч дебитираше новото засилување на битолчани – египетскиот репрезентативец, голманот Хендави, кој одлично се снајде на голот на битолчани.

Утре „Еурофарм Пелистер“ и „Татабања“ во Битола го играат и вториот меч во рамките на групата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.