Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Х.Р.(23) од с.Брест, општина Чучер Сандево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 8 август 2020 година на регионалниот пат Радовиш – Штип, крстосница за Неготино, полициски службеници запреле товарно возило „волво“, управувано од Х.Р., во кое во просторот наменет за товар биле пронајдени 93 лица мигранти од Сирија, Авганистан, Ирак и Пакистан, соопштуваат од МВР.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.