Забава

Се’ за храна: 4 причини за почесто да уживате во крцкавите ротквици

Крцкавите ротквици освен што се вкусен зеленчук кој овозможува уживање на сите сетила, тие се и заштитници на телото. Добри се за варењето на храната, ја поддржуваат витката фигура и помагаат во заштита на организмот од бактерии и токсини.

Ротквицата потекнува од Азија каде се одгледувала уште пред повеќе од 3000 години. Нејзината пријатна боја потекнува од пигментот антоцијанин. Тој е силен антиоксиданс кој ги чува телесните клетки од распаѓање и гарантира здравје на целото тело.

Ротквиците го поттикнуваат варењето

Луткастиот вкус на ротквиците го поттикнува лачењето на желудочните сокови. Тоа е и една од причините што често пати се вклопени во вид на салати или предјадење кое отвора апетит и се служи како аперитив. Ја забрзуваат работата на цревата и посебно се препорачливи за лица кои имаат проблем со запек или бавен метаболизам.

Сојузници се на витката фигура

Во 100 грама ротквици се наоѓаат само 16 калории. Тоа е така, затоа што составот на ротквицата е претежно вода. Може да уживате да ја јадете количински без да се грижите. Содржи висока количина на витамин Ц, растителни влакна, калциум и фолати, дава енергија и го зајакнува имунитетот.

Претставуваат антибактериско „оружје“

Наши претци го цеделе и нивниот сок за лекување на жолчката, а посебно се покажал корисен за подобра работа на дишните органи. Роктвиците придонесуваат во борбата против сезонски болести, бронхитис и грип. Постојат и истражувања кои велат дека помагаат и при кашлица и главоболка.

Го чуваат црниот дроб и прават детоксикација

Ротквиците содржат материи кои го неутрализираат билирубинот, што ги прави природно средство против жолтица. Освен тоа, тие се одлична храна за детоксикација, па јадете ги што почесто.

Совет плус: Ротквиците не се препорачуваат за лица со оштетена и чувствителна слузница на желудникот, лица кои имаат чир, проблеми со цревата или бубрезите.

Ви препорачуваме да прочитате: Ротквици – моќни природни антиоксиданси.

Превземено од: sezahrana.mk

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]