Вести Македонија

Принцот Едвард на средба со претседателот Пендаровски

Принцот Едвард, грофот од Весекс, кој од вчера престојува во официјална посета на земјава, денеска ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски.

Британскиот принц ќе присуствува во Националната филхармонија на настанот што треба да ги прикаже врските меѓу Велика Британија и Северна Македонија во образованието, животната средина и уметноста.

Предвидено е тој за врме на престојот во Скопје да има средба со Чивнинг стипендисти на британската Влада, како и со млади лидери и едукатори, и да посети градинка каде ќе му биде претставена програмата за ран детски развој спроведувана од УНИЦЕФ со поддршка на Велика Британија.

Ова е втора посета на принцот Едвард на Македонија. Тој во 2006 година ги отвори новите простории на британската Амбасада.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]