Вести Култура

Награда „Лирата на Орфеј“ за поетесата Славица Гаџова Свидерска на поетскиот фестивал во Пловдив

Македонската поетеса Славица Гаџова Свидерска ја доби наградата „Лирата на Орфеј“ на поетскиот фестивал во Пловдив, овогодишната европска престолнина на културата.

Наградата „Лирата на Орфеј“ се доделува за најдобра песна прочитана на фестивалот – Лична картографија.

На фестивалот во Пловдив учествуваа и поети од САД, Израел, Шпанија, Данска, Русија, Турција, Србија и Бугарија.

Покрај наградата, за поезијата на Славица Гаџова Свидерска интерес пројавија и странски издавачи и преведувачи присутни на фестивалот.

МИА

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]