Вести Македонија Спорт Фудбал

Младинските куп-финалиња наместо во Охрид ќе се играат во Скопје

Фудбалската федерација на Македонија ќе ги организира финалните натпревари од Купот на Македонија за млади категории на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, наместо првичната локација, стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

– Промената на местото е по барање на младинската комисија во рамки на ФФМ. Термините за одигрување на натпреварите остануваат исти, објави ФФМ.

Саатници за финалињата во Купот на Македонија по каетгории:

Помлади петлиња (2005): Вардар – Кул Здравје, 20 мај, 11 часот

Петлиња (2004): Шкендија – Вардар 20 мај, 17 часот

Кадети: Работнички – Шкендија 21 мај, 11 часот

Младинци: Шкендија – Вардар 21 мај 17 часот

Пионери: Победа – Њу Старс 22 мај, 11 часот

Помлади пионери: Академија Пандев – Вардар 29 мај, 11 часот.

МИА

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]