Вести Кошарка Македонија Спорт

Кесар МВП на осмото коло од кошаркарската Супер лига

Третпат во тековната сезона во Супер лигата, кошаркарот на Кожув од Гевгелија, Игор Кесар го добива признанието за најкорисен играч на коло. Кесар на вчерашниот меч со Блокотехна за нешто помалку од 35 минути на паркетот, стигна до 36 индекс поени.

Тој средбата ја заврши со 19 поена, 14 скока и 7 асистенции.

Кожув го загуби градското дерби со 93:84.

На другите два натпревара од осмото коло во Супер лигата, Работнички убедливо триумфира против Гостивар со 99:70 додека МЗТ Скопје Аеродром го совлада Куманово со 92:57.

МИА

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]