Забава

Запечени пилешки крилца

Пилешки крилца во со сос од кашкавал – едноставен ручек за кој нема да потрошите многу време…

Потребно е:
1 кг пилешки крилца
околу 50 г рендан кашкавал
100 г неутрална павлака
1 јајце
мелен сув зачин
сол, бибер
масло

Подготовка:
– Крилцата посипете ги со мелениот сув зачин. Ставете ги да се пржат на загреано масло додека не поруменат од двете страни. Потоа додадете малку вода и динстајте ги додека не омекнат.

– Омекнатите крилца наредете го во огноотпорена тава заедно со сосот во кој се динстаа.

– Во еден сад измешајте ја павлаката со ренданиот кашкавал, јајцето и зачинете по вкус. Овој сос прелијте го преку крилцата во тавата.

– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути.

МИА

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]