Вести Македонија

СВР Штип-Од 97 контролирани возачи, 13 ,,фатени “ за непрописно престигнување

СВР Штип спроведе акциска контрола за непрописно престигнување.Акцијата се одвивала во текот на вчерашниот ден во периодот од 09 до 14 часот.

Контролирани се вкупно 97 возачи од кои 13 извршиле непрописно престигнување,  односно 5 возачи извршиле престигнување на места каде истото е забрането, тројца престигнувале на непрегледни места и, а забележани се и пет други начини на непрописно престигнување.

Преземени се 13 мерки според направениот прекршок, издадени се седум мандатни и шест прекршочни патни налози.

Санкционирани се и 24 останати прекршоци.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]