Вести Македонија

Припадници на македонската армија денеска поставија нова спомен плоча на банкината на Автопатот Тетово – Скопје

Припадници на македонската армија денеска поставија нова спомен плоча на банкината на Автопатот Тетово – Скопје, кој вчера беше остранета од засега непознати сторители

Од Одборот на бранители побараа да се пронајдат сторителите и порачаа дека никој не може да скрши толку спомен плочи, колку што тие можат да постават.

 Од одборот на бранители апелираа што поскоро да се постават достојни спомен обележја во западниот дел на Македонија, каде за одбрана на државата припадници на одбраната ги положија своите животи.

На 8 август 2001 година кај Кајрпалак во заседа загинаа 10 припадници на македонските бранители, сите од Прилеп.

Зоран Димовски

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]